Background

Семејството на актерот Брус Вилис објави дека по смртта на актерот ќе го донира неговиот мозок за научни цели, со цел проучување на фронтотемпоралната деменција

Семејството на актерот Брус Вилис објави дека по смртта на актерот ќе го донира неговиот мозок за научни цели, со цел проучување на фронтотемпоралната деменција (ФТД). Оваа одлука ја потврдија членови на неговото семејство, предводени од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.

Вилис се повлече од глумата во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. Една година подоцна, дијагнозата беше променета во фронтотемпорална деменција – ретка болест која постепено влијае на говорот, однесувањето и на личноста.

Неговата сопруга во својата нова книга откри како семејството ја донело одлуката да го донира неговиот мозок по смртта на актерот, со надеж дека ќе им овозможи на експертите подетално да ги проучат последиците од ФТД. Научниците истакнуваат дека оваа донација може да биде клучна за идентификување на промените во мозокот, како што се абнормални протеини, мутации и структурни промени кои инаку тешко се откриваат.

- Advertisement -
Ad image

Одговарајќи на прашања од следбениците на Инстаграм, неговата ќерка Румер пред неколку дена отворено зборуваше за напредокот на болеста на нејзиниот татко.

Таа потврди дека состојбата на актерот се влошува и дека моментите на препознавање стануваат сè поретки.

– Многу сум благодарна што можам да го прегрнам, без разлика дали ме препознава или не. Сè уште чувствувам дека ја прима љубовта што му ја давам, а понекогаш ја фаќам таа мала искра што ме потсетува на него – рече Румер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation