Background

АФРИКАНСКИТЕ ШУМСКИ СЛОНОВИ ОСТАНУВААТ ЗАГРОЗЕН ВИД

Проценетиот број на шумски слонови во Африка, кои се многу загрозени од ловокрадство, е ревидиран нагоре благодарение на подоброто евидентирање на животните, соопшти Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Унијата го проценува нивниот број на 135.960, што е за 16 отсто повеќе од последните податоци од 2016 година.

– Ажурираниот број за африканските шумски слонови не треба да се толкува како пораст на популацијата, туку како резултат на подобра покриеност со пописот, овозможена со методи засновани на ДНК – рече Роб Слотов од Унијата, зоолог специјализиран за слонови.

- Advertisement -
Ad image

Најголемиот дел од оваа ревизија доаѓа од една земја, Габон, каде што се наоѓаат две третини од светскиот број тие слонови (loxodonta cyclotis), кои Унијата ги смета за критично загрозени.

Саванскиот слон (loxodonta africana) е  посебен вид, пораспространет низ Африка, со околу 350.000 единки. И тој е загрозен вид.

Популацијата на шумски слонови нагло опаднала „за повеќе од 86 отсто во последните 30-тина години до 2015 година, првенствено поради ловокрадството и губењето на живеалиштето“, наведе Меѓународната унија за заштита на природата во најновиот извештај.

„Се чини дека овие животни денес се нешто подобро заштитени бидејќи ловокрадството поради слоновата коска, особено по 2018-2019 година, изгледа е намалено. Но, шумските слонови забрзано остануваат без живеалиште, бидејќи шумите се сечат и се претвораат во земјоделско земјиште. Тоа, последователно, може да доведе до напади на слоновите врз посевите… Тие напади ја намалуваат толеранцијата на луѓето кон слоновите и, за жал, може да доведат до заемни убиства“, наведува IUCN.

Закрепнувањето на популациите на слонови е комплицирано поради малата стапка на репродукција.

Извештајот е објавен по повод конференцијата на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови дива фауна и флора, која се одржува во Узбекистан.

Намибија бара да се одобри продажба на 46,3 тони заби од слонови кои угинале природно, а парите од тоа да се користат исклучиво за заштита на слоновите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation