Потрагата по исчезнатата инфлуенсерка Стефани Пипар (32) од Грац има трагичен епилог. Нејзиното поранешно момче (31) призна дека ја убил и ја одведе полицијата до телото што го закопал во шумска област во Словенија, во околината на Марибор.
Откако беше уапсен во Словенија, 31-годишникот вчера беше им екстрадиран на австриските власти. За време на неколкучасовното испрашување тој го прекина молчењето и ги одведе истражителите до телото на 32-годишната жена.
Според признанието, тој ја задавил, го ставил нејзиното тело во куфер, а потоа ја закопал во шума во Словенија
Семејството и колегите од работа го пријавија исчезнувањето на Стефани минатата недела. Тие објаснија дека не можат да ја добијат телефон, а таа не се појавила на фотосесија во Грац. Претходната ноќ ја поминала на божиќна забава. Нејзиното исчезнување го пријавил колегата фотограф, откако претходно ја побарал во станот, а таму го затекнал бившото момче, Петар, што му паднало сомнително.
Истрагата набрзо откри дека поранешното момче, 31-годишен Словенец со престој во Грац, би можело да биде поврзано со нејзиното исчезнување.
Словенечката полиција го уапси во понеделник вечерта, откако беше забележан во близина на неговиот запален автомобил покрај казино јужно од граничниот премин Шпилфелд. Со автомобилот, тој веројатно запалил и докази.
Неговиот брат и очув исто така беа уапсени претходно. Двајцата беа притворени, поради ризик од прикривање докази.
Tagged as:
УБИЕНА ПОЗНАТА ИНФЛУЕНСЕРКА ОД АВСТРИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
