Две храбри момчиња на возраст од 10 и 3 години, решија да скокнат за да се спасат од запалена зграда во Гренобл во Франција. Соседите кои ги фатија на земја си ги скршија рацете бидејќи падот од таква висина е со брзина од речиси 50 километри на час.
На социјалните мрежи се појави снимката.
Момчињата биле хоспитализирани заедно со 17 жители на зградата. Четири од лицата што ги фатиле момчињата биле однесени во болница на преглед.
Атумани Валид, 25-годишен студент кој добил скршен зглоб помагајќи да се прифатат децата, рекол дека слушнал вресоци откако излегол од неговиот стан кој е во близина. Заедно со неколкумина соседи потрчале за да помогнат.
– Не знаевме што да правиме. Сакавме да ја скршиме вратата, но тоа не беше можно – изјавил тој.
Потоа соседите им рекле на момчињата да им скокнат во прегратка.



























