Background

Фондот на ПИОМ гарантира дека тие ќе стигаат секој први

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја известува јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари).

Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година.

За наредната 2026 година Владата на Република Македонија во буџетот ќе обезбеди речиси 151 милјарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб.

- Advertisement -
Ad image

Фондот на ПИОМ ја информира јавноста дека од први октомври 2024 година до први октомври 2025 година, кога се исплатени септемвриските пензии за 2024 и за 2025 година, номинално се покачени за 6000 денари. Процентуално покачувањето, со исплатата на септемвриската пензија 2025 година, изнесува околу 29 проценти во однос на сумата исплатена за августовската пензија во 2024 година.

Како илустрација да напоменеме дека на први септември 2024 година за августовската пензија се исплатени 7.210.341.000 денари (седум милјарди 210 милиони 341 илајда денари), а со покачувањето од 2500 денари на први октомври 2024 година исплатата изнесувала 8.166.689.000 денари (осум милијарди 166 милиони и 689 илјади денари). На први октомври 2025 година со второто покачување од 2500 денари за мартовската пензија во 2025 година и линеарното усогласување од 1000 денари на септемвриската пензија во оваа година, исплатата достигнува 9.403,340,000 денари (девет милијарди 403 милиони 340 илјади денари).

Фондот на ПИОМ, исто така, информира дека вкупните средства за исплата на пензиите со усогласувањата, во 2026 година ќе бидат повисоки за 30 милијарди денари, односно за околу 500 милиони евра.

Во своето соопштение Фондот додава дека сите овие покачувања и усогласувања на пензиите се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата врз истиот.

Според официјалните податоци од државните институции инфлацијата во 2024 година изнесуваше 3,5 проценти на годишно ниво, а за оваа година се очекува да биде 3,9 проценти.

Од изнесените податоци се гледа дека процентот на зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до септември 2025 година е многу поголем од инфлацијата со која се соочуваме.

Фондот на ПИОМ истовремено потенцира дека во изминатите 30 години пензиите никогаш не биле зголемени за толкав процент во период од една година, што е само уште една потврда дека Владата води грижа за подобрување на стандардот на пензионерите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation