Background

Се земаат примероци од храна, вода и персонал по пријавите за болни деца

Дваесет ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се пожалиле на стомачни болки, а дел од нив, според епидемиолошките анкети, изјавиле дека воопшто не биле во контакт со училишната кујна. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) веќе работи на утврдување на причината, но директорката на институцијата, д-р Марија Андоновска, предупредува дека засега не може да се потврди дали станува збор за труење со храна.

Андоновска објаснува дека од вкупните 20 пријави, седум деца тврдат дека не јаделе ништо од училишната кујна. ИЈЗ добил и четири телефонски дојави од наставници, но без официјални пријави од нивна страна.

– Мора да се земе предвид дека дел од учениците се многу мали, а нивните изјави не секогаш може да бидат целосно прецизни – рече директорката.

- Advertisement -
Ad image

Екипите на ИЈЗ извршиле целосен вонреден надзор и земале голем број примероци за анализа. Контролирани биле храна и напитоци што биле на менито – од млеко, мусли и мусака, до кроасани. Дополнително, биле земени примероци од четири чешми во училиштето, како и од повеќе површини во трите одделенија, од кујната, приборот за јадење и работните пултови.

Тестови биле направени и на три вработени во кујната, од кои биле земени брисеви од раце, грло и нос. За водата се собрани примероци од шест различни точки во училиштето, меѓу кои и кујната, а анализите ќе ги опфатат и микробиолошките и физичко-хемиските параметри. Првичните резултати за физичко-хемиската анализа од едно место покажале дека нема отстапувања, но за микробиологијата се потребни 48 часа.

Паралелно со ова, ИЈЗ се координирал со Клиниката за детски болести, каде што се примени дел од учениците. Од клиниката бил побаран дополнителен материјал за испитување за да се утврди дали можен причинител би можел да биде вирус, паразит или некој друг фактор кој не е поврзан со храна. Дел од овие резултати се очекуваат уште во текот на денот.

Ситуацијата довела до активирање на вонреден надзор и во уште девет училишта во општина Карпош, каде повторно ќе се земаат примероци од кујните и водоводните точки. Сите анализи ќе се спроведат по истите протоколи.

– Сѐ што треба да се направи — се прави. По ова, ќе покренеме иницијатива за нови стандарди за безбедност на храна и вода во училиштата и градинките, а предлозите ќе ги ставиме на јавна дебата – најави Андоновска.

ИЈЗ информира дека целиот процес е координиран со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Центарот за јавно здравје, кои веднаш по налогот излегле на терен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation