Background

По 3 години пауза, скопските градоначалници повторно седнаа на заедничка маса

По пауза подолга од три години, денес повторно беше активирано Координативното тело на градоначалници во Град Скопје, што значи враќање на редовната комуникација меѓу општините и заедничко решавање на најважните проблеми во метрополата. Седницата, која се одржа во просториите на Градот, беше оценета како клучен чекор за „рестарт“ на институционалната соработка што беше прекината со години.

Градоначалниците се договорија да работат со заеднички пристап при креирањето на Буџетот на Град Скопје и во определувањето на приоритетите за 2026 година. Според нив, ова ќе овозможи побрзо справување со наталожените предизвици и поусогласена реализација на проектите што се од интерес за сите скопјани.

Од Градот потсетуваат дека ситуацијата која ја наследиле била сериозно нарушена. Финансиската стабилност била разнишана, јавните претпријатија нефункционални, а бројни комунални проблеми нерешени со години.

- Advertisement -
Ad image

– Во меѓувреме поставивме ред. Ги исчистивме депониите, јавните претпријатија ги консолидиравме и им ги средиfме сите заостанати здравствени и пензиски придонеси – велат од Град Скопје.

Паралелно се стартувани и клучни тендерски постапки. Меѓу проектите што веќе се движат се решавањето на проблемот со Лимак, изградбата на кружен тек во Ѓорче Петров, стабилизирањето на водниот притисок во високите зони и низа други инфраструктурни и комунални интервенции.

Посебно внимание привлече најавата дека конечно ќе започне реализацијата на Луна Паркот — проект што повеќе од две децении стои во место. Градските власти го посочуваат како еден од „најочекуваните и најдрагите“ проекти за најмладите.

Паралелно продолжува и акцијата за отстранување на диво поставените објекти кои ги блокираат тротоарите и јавниот простор. Целта, велат надлежните, е враќање на пешачките површини и почист, поуреден град.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека ова е само почеток на темпо кое ќе донесе реални, видливи резултати:

– Следува многу работа и многу посветен труд. Ќе работиме дисциплинирано, координирано и со јасна цел, подобро Скопје за сите граѓани. Најдоброто допрва доаѓа – изјави Ѓорѓиевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation