Општина Охрид доби престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам кој од денес до сабота се одржува во Нови Сад, Србија. Наградата се доделува за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда. Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.
На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките потенцијали на градот, неговите знаменитости, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда.
На Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, учествуваат повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија. Оваа година, Република Македонија е земја-партнер на настанот.
На саемот се претставуваат туристички агенции, институции, туроператори, национални паркови, хотели, винарии, мали производители на храна и бројни други субјекти.






























