Background

Авганистанскиот државјанин Рахманулах Лаканвал, осомничен за вооружениот напад врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, зад себе има долгогодишна соработка со неколку американски владини агенции, вклучувајќи ја и ЦИА

Авганистанскиот државјанин Рахманулах Лаканвал (29), осомничен за вооружениот напад врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, зад себе има долгогодишна соработка со неколку американски владини агенции, вклучувајќи ја и ЦИА, дознаваат американските медиуми.

Лаканвал пристигнал во САД по хаотичното повлекување од Авганистан во 2021 година, како дел од програмата „Добредојдени сојузници“ – проект на администрацијата на Џо Бајден за преместување на ранливи Авганистанци и лица кои соработувале со американските сили. Подоцна поднел барање за азил, а според Си-Ен-Ен, администрацијата на Доналд Трамп го одобрила неговото барање во април годинава.

Разузнавачки извори тврдат дека Лаканвал бил ангажиран во Кандахар, каде повеќе години работел заедно со американските специјални сили. Роднина за Ен-Би-Си изјавил дека осомничениот поминал една деценија во авганистанската армија, дел од времето токму во базата во Кандахар.

- Advertisement -
Ad image

Одлуката да му се дозволи влез во САД ја критикуваше поранешниот директор на ЦИА, Џон Ретклиф, кој оцени дека „на такви лица никогаш не требало да им се овозможи да влезат во земјата“.

ФБИ го води случајот како можен акт на меѓународен тероризам. Нападот се случил вчера околу 14:15 часот, а дватајцата гардисти од Западна Вирџинија се сè уште во критична состојба. Лаканвал бил ранет во престрелката и е хоспитализиран под полициско обезбедување.

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди нападот, нарекувајќи го „монструозен чин на терор“ и најави дека напаѓачот „ќе ја плати највисоката можна цена“.

Како реакција на инцидентот, Службата за државјанство и имиграција веднаш ја стопираше обработката на сите имиграциски барања поврзани со авганистански државјани сè додека не се изврши дополнителна безбедносна ревизија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation