ССК ЗАСРАМЕН ОД НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА СТАРОТО РАКОВОДСТВО

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сојузот за стопански комори ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата со која е парично казнет, потсетува дека таа е резултат на дејствија кои се случувале во февруари 2025 година во кои Сојузот е вовлечен од страна на претходното раководство кое не ги почитувало структурите и работело спротивно на статутот на Сојузот.

– Ова се плодовите на работењето од претходното раководство во Сојузот на стопански комори  кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и нарушување на угледот на ССКМ и една од големиот број на причини за кои е разрешено едногласно претходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов претседател на Сојузот на стопански комори ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените – изјави претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Сојузот на стопански комори е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајќи ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност.

-Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаниите или нивните пазарни политики – вели Ѓорѓиевски.

Комисијата за заштита од конкуренција вчера соопшти дека изрекла казни од по 50.000 евра за 4 трговски друштва за картелско здружување, а со 18.500 евра го казни и Сојузот на стопански комори како координатор на незаконското однесување на трговците.

Share This Article