Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае по сомнежот дека ученици се затруле

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае по сомнежот дека ученици се затруле.

Директорот на ДСЗИ, доктор Кирил Лазов, рече дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен се врши вонреден и координиран инспекциски надзор заедно со АХВ, ИЈЗ и со ЦЈЗ Скопје.

Освен затворање на кујната како потенцијален извор на зараза, наредени се вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето.

– Согласно своите надлежности, ДСЗИ изврши затворање на кујната како потенцијален извор на зараза и даде решение за забрана, во кое се наложуваат и мерки кои треба да ги преземе операторот, односно вонредно чистење, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција и спроведување вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените – изјави Лазов и додаде дека за водата не е надлежна ДСЗИ.

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска рече дека се земени брисеви од раце, нос и грло на вработени во училишната кујна, од работните површини, како и мостри од храна и вода.

– Јас сум во постојана комуникација со луѓето од нашиот тим во Институтот. Морам да кажам дека екипата сè уште не е вратена за да можам да добијам поконкретни информации, во очекување сме да пристигнат. Но, она што можам да го кажам е дека е веднаш постапено по сите протоколи. Земени се мостри од буквално сè што ни е во интерес, а тоа се брисеви од луѓето кои работат во кујната, од раце, грло и нос. Земени се брисеви и од работни површини, мостри од храната што ја консумирале децата. На наше инсистирање земавме и од водата. Се работи за анализи кои треба да потраат, не можеме толку брзо да дадеме веднаш одговор за што станува збор, но можам да кажам дека ако треба, ќе се работи цела вечер за да утврдиме за што станува збор – додаде таа.

Андоновска рече дека добиле 9 пријави за стомачни тегоби кај деца. Освен кај ученици, досега не се пријавени симптоми од вработените во училиштето.

Share This Article