Тренерот на КК Партизан Жељко Обрадовиќ поднел оставка по низата порази во Евролигата, јавија српските медиуми. Искусниот стратег, кој ја презеде клупата во јуни 2021 година, одлучил да се повлече по седмиот пораз во последните осум натпревари, во мечот против Панатинаикос во Атина.
Екипата на Партизан изгледала безидејно, дозволувајќи му на противникот неверојатна серија од 25:0 и целосен пресврт. Управата на клубот треба да ја разгледа оставката на Обрадовиќ, кој со своето име и авторитет важи за „заштитен знак“ на белградскиот клуб.
Медиумите од Србија наведуваат дека главен кандидат за наследник на клупата е Италијанецот Андреа Транкиери, кој веќе беше на клупата на „црно-белите“ во периодот од 2018 до 2020 година.
Обрадовиќ, кој во својата кариера има освоено девет титули во Евролигата, останува еден од најтрофејните европски тренери, но очигледно овојпат не успеал да ја врати победничката хемија во тимот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
