Background

Бачиќ: Oблакодерот „Вјесник“, кој изгоре во големиот пожар минатиот понеделник, ќе биде урнат поради сериозно оштетена конструкција

Oблакодерот „Вјесник“, кој изгоре во големиот пожар минатиот понеделник, ќе биде урнат поради сериозно оштетена конструкција, потврди министерот за градежништво на Хрватска Бранко Бачиќ. Тој истакна дека зградата повеќе не е безбедна, бидејќи, како што вели, арматурата е ослабена и столбовите се деформирани, јави Индекс.

Марио Урош од Центарот за потресно инженерство објаснил дека постои реална опасност од уривање, особено при силен ветер или нов потрес.

– Пожарот предизвикал пукнатини и отпаѓање на делови. Секое одложување го зголемува ризикот – вели Урош.

- Advertisement -
Ad image

Тончи Главиниќ, државен секретар во Министерството за просторно планирање на Хрватска, откри дека се разгледуваат две техники: механичко уривање или минирање. Според најновите процени, најверојатно ќе се примени методата на ротација, со која облакодерот ќе се „положи“ во насока кон Савска улица.

– Таа страна е најбезбедна, има отворен двор и најмалку ризик – објасни Главиниќ.

Методата на ротација претпоставуаа асиметрично активирање на експлозиви. Од една страна повеќе, од друга страна помалку минирање, со што зградата се превртува (ротира) кон избраниот правец, обично во слободен простор. Тоа е контролирана имплозија.

Професорот Марио Добриловиќ од Рударско-геолошко-нафтениот факултет рече дека во таа метода се користат „десетици килограми експлозив“, поставени така што конструкцијата постепено ќе се преврти, а не ќе експлодира одеднаш.

– Тоа е контролиран пад во претходно пресметан агол, не спектакуларно минирање како во филмовите – истакна професорот.

Добриловиќ веќе има искуство со вакви операции. Тој бил проектант при уривање на димњаците на Чрномерец и при отстранување на оштетениот врв на Загрепската катедрала по земјотресот во 2021 година.

– Секоја локација е специфична. Но „Вјесник“ е сложен случај, бидејќи е армирано-бетонски и се наоѓа во густо урбано подрачје. Таму нема многу простор за грешки – предупреди тој.

Според него, подготовките ќе траат со недели: од детални статички анализи до изработка на проект за јавна набавка. Самото минирање, ако биде избрано, ќе трае неколку секунди, но процесот на подготовка може да потрае и до еден месец.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation