Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
„По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булеварот Никола Карев во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар ‘Словенија“, пишува градоначалникот.
Ѓорѓиевски информира и дека, паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри.
„Се подготвува и натпатникот на булевар 8 Септември, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булеварот Никола Карев и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, многу важна алка во целото решение. Имено, досега изградбата се одвиваше во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи. Но, процесите се деблокираат и динамиката конечно се забрзува.
Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе сериозно олеснување за илјадници граѓани – побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје.
Градот чекори напред. Заедно, Скопје ќе го направиме повторно горд град!“, истакнува градоначалникот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
