Група мажи нападнале млада двојка во парк во Рим, при што 18-годишната девојка била силувана пред нејзиниот 24-годишен вереник, кој бил принуден да го гледа злосторството.
Полицијата досега уапси тројца осомничени, додека по уште двајца интензивно се трага, објави италијанскиот медиум Кориере дела Сера.
Нападот се случил на 25 октомври, а тројцата уапсени марокански државјани се обвинети за групно силување и за грабеж. Еден од нив беше уапсен пред два дена во Венеција. Другите двајца беа уапсени на 28 октомври, само неколку часа по нападот, благодарение на информациите што двојката ги дала на полицијата. Но, оваа вест досега е чувана во тајност, за да не се загрози истрагата.
Истражителите се сомневаат дека вкупно 5 лица биле вклучени во нападот. Сведочењето на преплашената двојка за точниот број на напаѓачи е донекаде нејасно, што е разбирливо со оглед на траумата што ја доживеале. Сепак, како што пишува медиумот, се чини дека нема сомнение за вмешаноста на тројцата уапсени. Покрај изјавите на жртвите, инкриминирачки се и отпечатоците од прстите пронајдени на автомобилот, чиј прозорец бил скршен затоа што сè започнало како грабеж.
Во таа кобна ноќ, двојката се повлекла со својот автомобил во еден темен агол од паркот, барајќи приватност. Мислеле дека се безбедни и скриени од погледите, но само неколку моменти подоцна, тишината била прекината од звукот на кршење стакло. Следеле вресоци и брутална инвазија на непознати мажи.
Напаѓачите ги соблекле младите маж и жена од нивната облека. Девојката се обидела да се покрие со облеката. Напаѓачите прво го извлекле младиот човек од автомобилот, а потоа и неа. Двајца од нив цврсто го држеле 24-годишникот, додека третиот ја силувал девојката. Во очај, младиот човек прво викал и се заканувал со одмазда, а потоа молел за милост. Во еден момент, напаѓачите се исплашиле и избегале.
Двојката веднаш повикала помош и поднела кривична пријава, што брзо ја навело полицијата да ги изврши првите апсења.
– Истрагата не е завршена – потврдил еден од истражителите.



























