Повеќе бранители на денешното рочиште во Кривичнниот суд денеска реагираа дека интегрираниот обвинителен акт за 35-те обвинети за трагедијата во Кочани всушност е нов обвинителен акт, во кој има значајни измени, особено времето на сторување на кривичното дело, кое е изменето за дел од обвинетите. Адвокатите се категорични дека станува збор за нов обвинителен акт и го обвинија Јавното обвинителство дека ги манипулира Судот, оштетените, јавоста, обвинетите и бранителите. Дел од бранителите побараа, според нив новиот обвинителен акт да оди на оценување. Бранителите реагираа и дека ниеден од обвинетите го нема добиено интегрираниот обвинителен акт.
Дали интегрираниот обвинителен акт е ново обвинение?
ЈО на минатото рочиште, по спојувањето на обвиненијата за 34 обвинети и обвинението за соственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, рече дека доставува интегриран обвинителен акт, со редуцирана листа на докази, што предизвика реакција кај бранителите дека ЈО им доставува ново, изменето, а не редуцирано обвинение.
По изнесените забелешки и барања судијката Диана Груевска Илиевска даде пауза, по што соопшти дека Судечкиот совет смета дека не станува збор за ново обвинение, бидејќи во интегрираното обвинение не се воведени нови дејствија, нови обвинители, место на извршување, нов оштетен, нови последици, не е сменета фактичката состојба, ниту е сменета правната квалификација на кривичното дело.
– Во врска со временската рамка во обвинението, таа е посочена првично за сите обвинети, а во понатамошниот текст е прецизирана за секој обвинет посебно. Приговорите кои ги истакнаа дел од бранителите, можат да ги истакнат и во воведните говори, кои потоа ќе бидат ценети од стана на Судот. Судот ги прифаќа приговрите на дел од бранителите дека интегрираното обвинение со листата на докази не е доставено до обвинетите, а со оглед дека бранителите не прифаќаат доставата да се изврши преку нив, Судот во текот на денешниот и утрешниот ден до сите обвинети ќе изврши достава. Кој има мејл ќе го добие на мејл, а тие во притвор писмено. Со оглед дека на утрешното рочиште нема да можат добро да се произнесат, за да нема одлговлекување на остапката, денеска главната расправа ќе ја продолжиме со изјаснување за оштетните побарувања и за вклучување кон кривичниот прогон на на оштените – рече Груевска Илиевска.
Хаос со доказите, бранителите не можат да им фатат крај
На второто рочиште за трагичниот пожар во Кочани од 16 март, во кој загинаа 63 млади луѓе, а над 210 беа повредени, најпрво двајца бранители рекоа дека го немаат примено интегрираното обвинение, а судијката им одговори дека има информација дека им е испратено на сите.
Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска ја потсети судијката дека не се произнесла за нејзиното барање од 14.10.2025 година за уредување на предложените докази.
– Доказите од ЈО се неуредни. Сега со новата листа на докази, сакам пак да истакнам дека не постојат никакви совпаѓања меѓу нумерираните докази од листата на докази со дадените докази во електронска форма на усб. Во фолдери доказите се именувани на еден начин, внатре во фолдерите или се именувани на друг начин или немаат назив. Некои документи се наоапаку и не можат да се свртат. Неуредни се, не можеме да се снајдеме. Ни требаат доказите именувани и нумерирани. Предлагам Судот да го задолжи ЈО да ни даде електронски докази кои се именувани и нумерирани – рече Јошевска Анастасовска.
Јавното обвинителство: Станува збор само за технички исправки
Јавниот обвинител Борче Јанев рече дека доказниот материјал не е нумериран со соодветна бројка, туку е даден редослед на доказите.
– Сите докази кои се наведени во листата на докази се предадени на одбраната во текот на јуни и бранителите имаа време да видат дека сите докази се предадени, да реагираат и да бараат уредување на истите – рече Јанев.
На ова Јошевска одговори дека реагирала на 14.10.2025 година, по влегување на сила на обвинението, а претходно нема можност за реакција.
Бранителот Јован Танчев реќе дека на минатото рочиште беше речено дека во пречистениот обвиннителен акт нема суштествени промени, што не е точно.
– Не се согласувам воопшто, особено во точка 3 од обвинението, која се одесува на градежните инспектори. Ставена е временската рамка во која тие наводно го сториле кривичното дело. Па така, во првото обвинение е наведен период од 2005 година до 2024 година. А сега е наведен друг период, од 2012 година до 16.3.2025. Со ова се менува времето како објективен елемент на кривичното дело, а со тоа и објективниот иденитет на кривичното дело. Ова особено што во самиот приговор на обвинителот акт, ние ова го истакнавме, дека осмообвинетиот е вработен како градежен инспектор од 24.2.2024 година, што значи дека во првичниот акт не е наведено времето во кое бил вработен, а во прочистениот текст го има времето. Исто така, рекоа дека листата на докази е намалена, а гледаме дека е зголемена, со сведоци вработени во Општина Кочани, кои не беа предложени на првичната листа со докази и одбраната ги нема тие изјави – рече Танчев.
Во интегрираното обвинение се јавуват сосем нови лица и нови докази
Бранителот Зоран Зафировски додаде дека суштествени промени во инегрираното обвинение има и во точка 5, во врска со временскиот период на сторување на дејствијата на неговиот клиент.
– Променет е датумот кога лицата ги преземале дејствијата, со тоа што денот 16.3.2025 е променет во 15.3.2025 година, додаден е дополнителен опис, за тоа кога е закажан концертот на групата ДНК. За прв пат е вметнато ново лице во овој дел од обвинението, Мартин Атанасовски, за кој е наведено дека ја внел пиротехниката, а претходно се велеше дека ДНК ја внеле, а прецизиран е и видот на пиротехниката. Со ова е извршено проширување на обвинението, што во оваа фаза од постапката не е можно. Судот треба да ја отповика одлуката за прифаќање на инегрираното обвинение, оти беше доведен во заблуда дека се врши спојување на неизменето обвинение, но, според истакнатото, обвинението е изменето и дополнето, а за тоа не се исполнети условите од член 393 од ЗКП – рече Зафировски.
Бранителката на третообвинетиот Михаил Јованов, Ивана Коцевска рече дека по увидот во новата, интегрирана листа на докази сфатиле дека стотици докази се повлечени, а многу нови се предложени, во чија содржина одбраната нема направено увид.
– Иако ова беше сторено пред оточнувањето на постапката и тоа е дозволено со Законот за кривичната постапка, ова е смислено од Јавното обвинителство, за да не стават во нерамноправна положба. Судот на претходното рочииште ѝ дозволи на одбраната да достави дополнение на докази по интегрираната листа на докази, па одбраната додава листа на докази во корист на тезата на одбраната на третообвинетито Михаил Јованов, со 9 сведоци. Исто така, во претходната листа на докази, како оштетени очевидци беа предложени 283 лица како сведоци, а во новата листа се сведоа на само 35. Одбраната во првичната листа на докази не најде за сходно да ги предложи, бидејќи се ослони на можноста за вкрстено испитување на истите. Со оглед дека не се на листата, сега ги предлагаме сите – рече Коцевска.
Му верувавме на обвинителот, но не јa зборувал вистината
Бранител Благој Јованов, дополни дека сите му верувале на зборот на ЈО на претходното рочиште, кога кажа дека ќе достави ревидиран и инегриран текст од обвинението.
– Но, кога го видове текстот, излезе дека не ја зборуваат вистината. Ова е тотално ново обвинение. Земајќи во предвд дека начелата време, место и начин на изршување на кривичното се трите основни столба на потенцијална вина, а фактот дека за припадниците на обезбедувањето е сменето времето на извршување, односно имаме ново време, јасно говори дека ова е ново обвинение. Според ЗКП обвинението може да се смени во фаза на изведување на докази, а не во оваа и не ми е јасно како ќе се извлечеме од оваа мат позиција. Ова не може да биде изменување на обвинение, а само тогаш измената не подложи на оцена. Ние имаме ново обвинение, со ново време на извршување, доставено пред главна расправа. Треба да настапиме исклучитело мудро и да одлучиме дали ова ново обвинение подложи или не подложи на оцена и се надеваме на мудроста на судот – рече Јованов.
Обвинителот Танчев се изјасни дека ЈО смета дека воопшто не станува збор за нов обвинеие.
– Не е нарушен ниту субјективниот ни објективниот идентитет на обвиненијата за кои е споена постапката. Исправка на технички грешки не значи измена на обвинителен акт. Не се додадени нови обвинети лица, ниту нови кривични дела за кои не е водена истражна постапка, ниту е сменет описот на суштествени елементи на обвнението кои одат на штета на одбраната – рече обвинителот,
Судијката му рече да се изјасни и за забешешките за временската рамка во обвинението.
– Подолу во описот, ако внимателно се следи текстот е дадено точно и попрецизно кој обвинет за кој период е наведено дека не постапил согласно закон – рече обвинителот.
На ова еден бранител праша како може време на сторување на кривично дело да се сведе на техничка грешка.
– Во првата реченица во точка 3 е генералната временска рамка од 2005 до 2024 година, како време на кривичното дело, а подоле таа временска рамка за осмообвинетиот не е дел од таа рамка и за него е наведен период од 23.2.2024 до 16.3.2024 година – рече тој.
Менување на временска рамка, не е техничка грешка
Бранител Зафиров реагираше дека инервенцијата со инегрираното обвинение не е исправка на
техничка грешка.
– Во оригиналното обвинение времето на извршување на делото за обвинетиот Јанчевски и припадниците на обезбедувањето е цитирам, „текот на 2025 годна“, а во вториот акт, оној против Александар Нацев, временската рамка е посочена од септември 2022 до 16.3.2025 година. Во инегрираното обвинение, пак, во точка 5, време на извршување на делото е посочен временски период од втора половина од 2024 година до 16.3.2025, што би знаело дека на обвинениеот Јане Јанчевски му се припишуваат и дејствија наводно сторени во втората половина од 2024 година, наспроти иницијалното обвинение во кое е посочена само годината 2025. Дополнително на обезбедувањето им се посочува и времето на пристигнување во дискотеката, пред одржувањето на коцертот ДНК, со што сметаме дека се засега во суѓтината на поднесеното обвинение, наспроти интегрираното – рече Зафиров.
Бранител посочи дека остапувањето од временсата рамка има и во потточка 1, која важи за сите обвинети, каде е посочен почетен период од 2012 година, споредено со периодот од точка 3, каде дејствијата почнуваат од 2005 година.
Бранител Димитар Дангов рече дека сето ова е последица на она од минатото рочиште.
– Не е сериозно од ЈО за вака чувствителен предмет, кон обвинетите, бранителите и судот, кој е ставен во незгодна ситуација. Кога се прави измена треба да се напише што се повлекува, што се додава, ако и тоа не е јасно, да се направи пречистен текст. Нам преку судот на 19.11 ни се стави на маса ние бранителите да го примиме интегрираниот текст. И сега ние сме рецензенти, да истражуваме дали има измени – рече тој.
Законските застапници на оштетените се приклучија кон кривичен прогон и најавија дека своите права за обештетување ќе ги остваруваат во Граѓанскиот суд.
Утрешното рочиште се отповикуваа, а следното е закажано за 2 декември.




























