За кратко ќе се знае цената на струјата, којашто ќе ја понуди на тендер ЕСМ, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето дали ги добил пресметките за цената на струјата и дали се останува на цената од 62 евра за мегават час или пак ќе се зголеми.
Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година тендерот за набавка на струја за домаќинствата ќе биде годишен, а не полугодишен како досега.
-Оваа година, бидејќи ќе биде годишен тендерот, нема да биде полугодишен како и досега, цената која што ќе ја понуди на тендерот ЕСМ, а ќе биде мој предлог на Влада, ќе се знае за многу кратко, бидејќи е дел од затворена седница на Владата. Така што бидете трпеливи ќе ја дознаете – изјави Мицкоски.
Инаку ЕСМ ја достави новата цена на струјата до Владата, која треба да одлучи дали предлогот на електрани е прифатлив или пак не е прифатлив. Електричната енергија за домаќинствата ЕСМ ја продава по 62 евра за мегават час.
Tagged as:
Отсега тендерот за струја за домаќинствата ќе биде годишен
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
