Билетите за Евровизија 2026 се пуштаат во продажба на 13 јануари, денот по ждрепката што одредува која земја ќе учествува во кое полуфинале, објави австриската телевизија ORF.
Евровизија 2026 ќе се одржи во виенската Stadthalle.
Во продажба ќе бидат вкупно 90.000 билети, а фановите ќе можат да резервираат места за полуфиналето на 12 и 14 мај, како и за финалето на 16 мај.
Обожавателите имаат рок до 18 декември да се регистрираат онлајн за да имаат право да аплицираат за билети подоцна.
Билетите чинат помеѓу приближно 15 и 360 евра, а најскапите билети овозможуваат пристап до просторот пред сцената во вечерта на финалето.
Австрија го доби правото да биде домаќин на Евровизискиот натпревар кога контратенорот Јоханес Пич, попознат како Џеј Џеј, победи на овогодинешниот Евровизиски натпревар што се одржа во Базел, Швајцарија.

























