Ново истражување покажува колку деца се загрижени и се плашат да заспијат.
Експертите за спиење во Silentnight ја спроведоа студијата, која откри дека речиси една четвртина од децата се плашат од темнината, едно од пет има кошмари, а исто толку се плашат да спијат сами, пишува британски Метро.
Грижите за училиштето влијаат на околу 14% од децата, а стравот од насилници предизвикува децата да го изгубат сонот.
На малите деца им се препорачува да спијат 10 часа навечер, но речиси половина од нив спијат само седум до осум часа, додека се будат во просек околу двапати секоја вечер.
Значи, јасно е дека не се само возрасните оние кои се борат за да заспијат.
Хана Шор, раководител на одделот за истражување во Silentnight, вели:
– Постојат бројни причини за вознемиреност кај децата кои можат негативно да влијаат на нивниот сон. Тие вклучуваат прекумерно размислување, грижа, страв од темнина и грижи околу одењето на училиште.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.



























