Background

Поттикнувањето на еден протеин му помага на мозокот сам да се заштити од Алцхајмерова болест

Истражувачи од Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон, Тексас открија природен механизам во мозокот што може да ги отстрани постоечките амилоидни плаки – еден од главните белези на Алцхајмеровата болест – додека истовремено помага во зачувување на когнитивните функции. Клучот се наоѓа во активирањето на протеинот Sox9, кој ги регулира функциите на астроцитите, ѕвездести помошни мозочни клетки.

Тимот открил дека зголемувањето на Sox9 ги прави астроцитите поефикасни во „чистењето“ на токсичните наслаги, што во лабораториски модели резултирало со подобрено памтење и намалување на количината на плаки со текот на времето. Резултатите, објавени во Nature Neuroscience, пишува Science daily, отвораат можност за нов вид терапија што би се потпирала на природните одбранбени процеси на мозокот.

Астроцитите како природни чистачи

– Астроцитите имаат клучна улога во нормалното функционирање на мозокот, но со стареењето нивните функции значително се менуваат – објаснува првиот автор д-р Донг-Џу Чои. Токму овие промени се поврзуваат со развојот на Алцхајмерова болест.

- Advertisement -
Ad image

Затоа истражувачите се насочиле кон Sox9 – протеин што управува со голем број гени поврзани со стареењето на астроцитите. Манипулирајќи со неговата експресија, сакале да откријат дали со зајакнување на активноста на овие клетки може да се успори развојот на болеста.

Тестирања на модели со веќе развиени симптоми

Особено важно во оваа студија е тоа што експериментите биле спроведени врз глувчешки модели кои веќе имале когнитивни нарушувања и амилоидни плаки, што го прави истражувањето поблиско до реалните услови кај пациентите.

Во период од шест месеци, научниците следеле како промените во Sox9 влијаат врз препознавањето предмети и простори – тестови поврзани со меморијата. Потоа го анализирале мозочното ткиво за да ја измерат количината на амилоидни наслаги.

Повеќе Sox9 – помалку плаки и подобро памтење

Резултатите биле јасни:

Намалувањето на Sox9 довело до побрзо таложење плаки и намалена способност на астроцитите да ги чистат.

Зголемувањето на Sox9 имало спротивен ефект – клетките станале поактивни, поефикасно ги отстранувале плаките и го зачувале когнитивното функционирање.

– Кога го зголемивме Sox9, астроцитите почнаа да ги голтаат амилоидните плаки како правосмукалка – вели водечкиот автор д-р Бенџамин Денин.

– Ова укажува дека користењето на природниот процес на чистење на маслагите може да биде исто толку важно колку и обидите да се спречи нивното создавање.

Иако се потребни дополнителни истражувања за да се разбере како функционира Sox9 во човечкиот мозок, научниците сметаат дека оваа насока може да доведе до нови третмани што ќе се потпрат на сопствениот одбранбен механизам на мозокот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation