Background

Димитриеска-Кочоска: Во првата половина од декември ќе се објави новата емисија Граѓанска обврзница

Нова емисија Граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември, најави министерката за финансии Гордана

Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 24

Таа потенцира дека кога ќе биде објавен проспектот ќе бидат познати во јавноста и деталите за издавањето на Граѓанската обврзница и дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на Граѓанска обврзница.

- Advertisement -
Ad image

„Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска обврзница. Тоа значи дека на некој начин културата на инвестирање кај граѓаните се менува и очекувам таа иста група на граѓани, која не е повеќе од 2000 лица, повторно да инвестира и тоа не е некој голем износ“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека врз основа на таквиот интерес се анализирани и искуствата во Словенија и Хрватска, коишто покажале дека во Словенија нема апсолутно никаков интерес, но во Хрватска интересот бил огромен.

Во интервјуто министерката сподели дека од унгарскиот заем наменет за поддршка на домашните компаниите досега се пласирани 190 милиони евра и оти целта е постигната да се поддржат компаниите да инвестираат и да продолжат со својата дејност.

„Преку бројки сме докажале дека сме ја погодиле целта. Ако податоци за БДП покажуваат дека имаме огромни раздвижувања, ако статистичкиот индикатор во градежништво покажува дека имаме раст во градежништвото тогаш сметам дека сме ја постигнале целта, а тоа е да помогнеме на приватниот сектор, којшто долгорочно би размислувал да остане тука бидејќи нашата цел беше да им дадеме на компаниите помош да инвестираат, да не размислуваат да затвараат и да се префрлаат во други земји. Преку овие инвестиции таа цел е постигната“, потенцира министерката.

Во однос на средствата од унгарскиот заем наменет за поддршка на реализација на проекти во општините, посочи дека досега се реализирани 21 милион денари во 2024 година и 2,2 милијарди денари во 2025 година, но појасни дека на терен може реализација да е поголема и дека тоа ќе се види во наредниот период.

Според министерката јавниот долг не загрижува кога има проектирани стапки на раст од 3,5% од 3,8% и коишто ќе се остварат. „Нема поголем доказ од растот на БДП дека Владата работи правилно. Јасно е дека стапките на БДП отсликуваат дали политиката е добра,“ рече министерката Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation