СО 100.000 ЕВРА ЌЕ СЕ ПОДДРЖИ КАМПАЊАТА ЗА ОСКАР НА „СИЛЈАН“

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за филм на Северна Македонија со 100.000 евра ќе ја поддржи кампањата за Оскар на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска бидејќи смета дека е од исклучителен национален интерес.

– Кампањата за Оскар ја поддржува „Нешенл џеографик“ (National Geographic). Целиот буџет е околу 700.000 евра, Македонија учествува со 100.000 евра што е фантастична сума во споредба со тоа каков буџет нудат регионалните фондови кои немаат ни филм што има реални шанси за Оскар – рече на прес-конференција в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.

Тој се осврна на успесите на македонската кинематографија оваа година, на проектите што се во тек и соопшти дека очекува четири до пет премиери идната 2026 година.

Мицевски посочи дека филмот „Сите го викаат Реџо“ на режисерот Ибер Деари веќе е прикажан на над 40 фестивали досега, „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски – на над 70 фестивали со 29 награди, а филмот „Мајка“ на Теона С. Митевска ја отвори официјалната селекција „Хоризонти“ на фестивалот во Венеција.

– И покрај неповолните услови во Агенцијата за филм од 2021 до 2024 година, македонските филмаџии успеаја да останат доволно жилави за да реализираат филмски дела со кои сме сите горди – истакна Мицевски.

Како што рече, ова е плодна година за снимање филмови, набројувајќи ги играните „Биста/Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски, „Човек против јато“ на Тамара Котевска, „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ, „Договор“ на Сенад Абдули. Пред да почнат со снимање, предвремено се исплатени и проектите „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спсуваат светот“ на Марјан Гавриловски, а наскоро средства ќе добие и Арбен Тачи за реализација на проектот „Ајал“.

Предлог-буџетот на Агенцијата за филм за следната година е 263 милиони денари или 4,3 милиони евра, со кои ќе се финансираат проекти од конкурсите за филмови, за фестивали и за играни серии.

Share This Article