Додека балканската јавост сè уште се тресе од инцидентот во Кавадарци, каде српскиот пејач Аца Лукас заврши во полициска станица, веќе се цртаат новите линии на регионалната музичка дипломатија. Настанот, кој според сведоци можел да биде спречен уште во кафичот “Рома”, сега предизвикува повеќе прашања отколку одговори.
Главното прашање – зошто ситуацијата не беше решена превентивно – останува да виси над главата на Панче Тошковски. Но, како што велат, правдата бавно доваѓа, па ќе почекаме.
Меѓутоа, додека јавноста чека одговори, провладините медиуми веќе имаат готова замена. “Црвен Печат”, тој неумолив судија на балканската естрада, му порача на Луказ: “Доживотна забрана!” Црвената картичка е извадена, границите се затворени. Нема повеќе турнеи, нема повеќе заработувачка од македонска публика.
Но не плачете предолго, драги љубители на музиката! Провладините медиуми веќе го подготвуваат новиот национален херој – Керим КОНЕ од Охрид! Ем Луказ е поцрвенет, ем Коне ќе го подигне бруто домашниот производ. Логиката е кристално јасна: зошто да им даваме пари на странците, кога имаме свој талент што чека да биде промовиран?
Така, драги читатели, додека дипломатите преговараат, а адвокатите пишуваат тужби, музичката индустрија си работи по стариот балкански принцип: еден паѓа, друг се качува. Браво, дечки! Ова е вистинската демократија на сцената – ако не можеш да ги надминеш со талент, надмини ги со забрана.
С.Денесовски



























