Во сега веќе вирално видео, човек кој се претставува под името Буку на социјалните мрежи сподели момент кога е заглавен покрај патот со својот расипан автомобил, снимајќи се себеси како ги искажува своите проблеми, пред познатиот пејач Џастин Бибер да застане да го праша каков проблем има.
– Ти си Џастин Бибер? – праша Буку во видеото на Тик-Ток пред поп-ѕвездата да одговори:
– Да, што има, брат? Џастин.
Во своето видео насловено „Средба со Џастин Бибер, незаборавен момент…“, Буку го опишува денот кога неговиот автомобил се расипал на патот во Малибу, Калифорнија. Тој бил изненаден кога Џастин застанал да понуди помош.
– Кога ќе ти се расипе автомобилот и толку многу се трудиш во животот, едноставно е тешко. Се селиш во голем град, обидувајќи се да бидеш како сите други. Немаш пријатели. Богати луѓе во G-вагони и Ламборџини поминуваат покрај тебе. Можеби грешам, но мислам дека Џастин Бибер тукушто застана да ми помогне – сподели Буку, видливо емотивен додека стоеше покрај неговото расипано возило.
Видеото го покажува Бибер како топло го прегрнува човекот и го прашува што не е во ред.
Снимката се прекинува кога почнуваат полично да комуницираат.
Буку тврди дека пејачот одвоил момент за да се помоли за него.
– Мојот живот е луд. Го запознав Џастин Бибер и тој ми ја упати најдобрата молитва што некогаш сум ја имал во животот. Ти благодарам за молитвата и добрата енергија, ЏБ – рече Буку со благодарност.
Видеото брзо стана вирално, собирајќи над 2,2 милиони прегледи на Тик-Ток.




























