Background

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места во период од една година

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места во период од една година, според најновите бројки од германската статистичка служба Дестатис.

Регистриран е пад од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот, соопшти институтот, додавајќи дека бројот на вработени на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесувал 721.400, што е најниско ниво од вториот квартал од 2011 година, објави Дојче Веле.

Според Дестатис, автомобилската индустрија останува втор најголем индустриски работодавач во Германија, по машинството, кое вработува 934.200 работници.

- Advertisement -
Ad image

Вкупниот број на индустриски работни места во земјата се намали за 2,2 проценти во споредба со претходната година, но загубата во автомобилскиот сектор значително го надминува просечниот тренд.

Податоците покажуваат каде се наоѓаат кризните жаришта во германската индустрија, додаде Себастијан Дулин, директор на Институтот за макроекономија и економски истражувања во Фондацијата Ханс Беклер. Сепак, генерално, губењето на работни места остана умерено во споредба со падот на производството и нарачките.

Иако барометарот за деловна клима за германската автомобилска индустрија значително се подобри во октомври, според Институтот ИФО со седиште во Минхен, целокупното расположение останува неповолно. На пример, производителот на камиони и автобуси МАН планира да намали околу 2.300 работни места во Германија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation