Лионел Меси постави уште еден историски рекорд и повторно го запечати својот статус како најдобар фудбалер на сите времиња. Триесет и осумгодишниот Аргентинец, кој моментално настапува за Интер Мајами, стана првиот играч во историјата на фудбалот што стигнал до 1.300 поени – комбинација од голови и асистенции.
Меси досега има постигнато 896 голови и 404 асистенции, бројка што никој друг фудбалер не се ни доближил да ја достигне. Рекордот го запечати синоќа, на мечот од четвртфиналниот плејоф на МЛС, каде што Интер Мајами славеше со убедливи 4:0 против Синсинати. На овој натпревар Меси постигна еден гол и забележа три асистенции.
Според статистиката, Аргентинецот има:
– 941 поени во дресот на Барселона,
– 117 поени за Интер Мајами,
– 66 поени за ПСЖ,
– 176 поени за репрезентацијата на Аргентина.
За да стигне до оваа импресивна бројка, на Меси му беа потребни 1.135 натпревари.
Во текот на својата кариера, Меси освои сè што може да се освои во фудбалот: Олимписко злато, Светско првенство, четири трофеи од Лигата на шампионите и рекордни осум Златни топки. Неговиот нов рекорд уште еднаш го истакнува како играч кој го менува спортот и поставува стандарди што тешко ќе бидат достигнати.



























