Најмалку четири лица се убиени, а најмалку 17 се повредени во напад на руски беспилотни летала врз Харков, објави гувернерот на Харковскиот регион, Олех Сињегубов.
Според Сињегубов, меѓу повредените има и деца. Вкупно 15 напади биле извршени на шест различни локации во градот.
„Дроновите нападнаа три станбени згради и една инфраструктурна зграда, а за време на нападот избувна и пожар“ – напиша Сињегубов на Телеграм.



























