Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот д-р Сашко Кедев го смета за национален успех.
– Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот – порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по примањето на Орденот „8 Септември“.
Кедев изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елементи од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формирале Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
– Суштината во животот е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел – рече тој.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8.000 метри.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
