Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата најавија грчките земјоделци по денешниот состанок одржан во близина на Лариса

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата најавија грчките земјоделци по денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на протестите и начинот на дејствување и била донесена одлука да започнат со поставување блокади, како на автопати, така и на други локации.

Активностите ќе бидат утврдени од локалните здруженија, а според грчките медиуми, не е исклучена можноста во планот на земјоделците да бидат вклучени и блокади на гранични премини и пристаништа.

Според истите информации, земјоделците ќе ги пренесат денешните одлуки во нивните општини и региони, по што ќе го одредат начинот на кој ќе учествуваат, додека пак целта на земјоделците од периферијата Тесалија е да постават заедничка блокада на автопатот Атина – Солун.

Главно барање на земјоделците, покрај исплатата на заостанатите субвенции е трошокот на производството, за кој сметаат дека е многу висок и бараат загарантирани цени за нивните производи.

Share This Article