Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мировно решение за Украина со кое ќе се зачува нејзиниот територијален интегритет.
Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20.
Прашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг.
– Таквиот план мора да биде во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право – нагласи Гутереш.



























