Background

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го добила мировниот план на САД за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го добила мировниот план на САД за Украина.

Путин рече дека американскиот план може да послужи како основа за мирно решавање на конфликтот во Украина.

Украина е против планот, но ниту Киев ниту европските сили не ја сфатија реалноста дека руските сили напредуваат во Украина и ќе продолжат да напредуваат доколку не се постигне мир, вели Путин.

- Advertisement -
Ad image

Попладнево украинскиот претседател Володомир Зеленски разговарае телефонски со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, по што Зеленски изјави дека неговата земја со нетрпение очекува да  почне заедничката работа со САД и Европа на план за завршување на војната со Русија.

„Се договоривме заедно со САД и Европа да работиме на ниво на советници за национална безбедност за да го пронајдеме патот кон вистински траен мир. Украина отсекогаш ја почитувала и продолжува да ја почитува желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине крвопролевањето и позитивно гледаме на секој реалистичен предлог“, објави украинскиот лидер по повикот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пак, во радио интервју изјави дека четврток е добар рок за Украина да го прифати предлогот поддржан од САД за завршување на војната со Русија.

– Поставив многу рокови, но кога работите ќе одат добро, роковите можат да се продолжат. Но, сметаме дека четврток е добар рок – рече американскиот претседател Трамп.

Американски функционер изјави дека Трамп работи и со Киев и со Москва за да се заврши војната „што е можно поскоро“. Американскиот претседател „работи со двете страни за да се заврши оваа војна што е можно побрзо, која траеше предолго и однесе премногу бесмислени жртви“, рече функционерот.

Според западните медиуми САД се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и на испораките на оружје во Украина ако не се согласат со рамката на мировниот договор со посредство на САД. Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот четврток.

Зеленски претходно денеска им се обрати на Украинците со видеопорака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната.

– Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе мора да направи исклучително тежок избор: или да го изгуби достоинството или да ризикува да изгуби клучен партнер. Или тежок план од 28 точки или исклучително сурова зима, најсуровата, и дополнителни ризици што претстојат. Живот без слобода, достоинство и правда и принуда да му верува на некој што веќе нè нападна два пати. Тие ќе чекаат наш одговор – рече Зеленски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation