Background

Бранителот Туфегџиќ потсети дека ЈО пред Судот призна дека против Александар немаат докази

Јавното обвинителство поднесе жалба до Апелацискиот суд за ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, на последниот ден од рокот за жалба. Пресудата за Ѓорчевски и за убијците на Вања Кривичниот суд ја изрече на 25 јуни 2025 година.

Бранителот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ вели дека ја очекувал жалбата и ќе бара јавна седница на жалбениот совет.

– За ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски Јавното обвинителство, според мене очекувано, денеска пред крај на работното време, во последниот ден од жалбените рокови, поднесе жалба со која бара укинување на пресудата за Александар. Ќе доставам одговор на жалбата, со кој ќе барам јавна седница на жалбениот совет на Апелациониот суд. Очекувам Судот во жалбената постапка да ја потврди ослободителната пресуда, токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршен збор, во кој кажа цитирам „ако нè прашате дали имаме докази против Александар, немаме“ – вели Туфегџиќ за Плусинфо.

- Advertisement -
Ad image

За убиствата од користољубие на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес на доживотен затвор се осудени Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, од партијата Десна. Четворицата се осудени и за грабнување на Ѓорчевска, а Кривичниот суд ги ослободи од обвинението за грабнување на Жежовски, затоа што Обвинителството не го докажа тоа дело.

Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24 ноември 2023 година, а Ѓорчевска на 27 ноември 2023 година. Двајцата беа пронајдени мртви на 3 декември 2023 година, закопани во околината на Велес и на Скопје, а по кажувања на осудените Манев и Кешишев.

Таткото на Вања беше обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка, а судијата Ивица Стефановски го ослободи затоа што јавните обвинителки Жаклина Јосифовска Крстевска и Ана Стојковиќ Димитриевска не го докажаа обвинението. По пресудата тие најавија жалба.

Бранителите на осудените Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, исто така, најавија жалба на изречените казни доживотен затвор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation