Мировниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во 28 точки нема да успее без поддршката од земјите на Европската Унија и од Украина

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
France's President Emmanuel Macron holds a video meeting gathering European Union (EU) 27 leaders following his meeting with U.S. President, at the Elysee presidential palace in Paris on February 26, 2025. LUDOVIC MARIN/Pool via REUTERS
- Advertisement -
Ad image

Мировниот план на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во 28 точки нема да успее без поддршката од земјите на Европската Унија и од Украина, изјави денеска шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас.

Нејзината реакција е само една од низата во европските престолнини со кои се отфрла мировниот предлог на Трамп, како целосно про-руски, ускладен со барањата на рускиот претседаетел Владимир Путин.

„Блумберг“ наведува дека се очекува повеќе европски лидери, меѓу кои лидерот на опозицијата во Обединетото Кралство Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, да се приклучат на итниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски напладне по европско време, за да разговараат за американско-рускиот предлог за ставање крај на војната.
„Ројтерс“ потврди дека Фридрих Мерц се повлекол од планиран настан за да го ослободи својот распоред и да може да се вклучи во телефонскиот разговор. Германскиот „Билд“ објави дека се очекува Мерц да има телефонски разговор не само со Зеленски, туку и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот предлог предизвика вознемиреност во европските престолнини, делумно затоа што тие беа целосно исклучени од неговото изготвување, а најмногу затоа што, како што изјави еден европски функционер за Политико, „тој не претставува ништо повеќе од списокот со желби на Путин“.

Според условите на договорот, чии делови веќе објавија меѓународните медиуми, Украина ќе биде принудена да ги предаде окупираните делови од источниот дел на земјата, да ја преполови својата армија и да се откаже од дел од своето моќно оружје.

Европските претставници предупредуваат дека попуштањето пред Русија само ќе го охрабри Путин да нападне и други членка на НАТО во иднина.

– За да успее кој било мировен план, тој мора да биде поддржан од Украина и мора да биде поддржан од Европа. Притисокот мора да биде врз агресорот, а не врз жртвата. Наградувањето на агресијата само ќе доведе до поголема агресија – изјави шефицата на европската дипломатија Каја Калас пред новинарите во Брисел.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, им рече на европските министри на состанок зад затворени врати во Брисел дека е јасно дека Русија ги диктирала условите на новите предлози.

– Суштината е дека кој било мировен план не е изводлив ако се базира на смирување на агресорот. Тоа само би им донело на Украина и на цела Европа повеќе војна и бруталност – рече Сибиха. Новиот предлог доаѓа во чувствително време во речиси четиригодишната војна. Украина во последните денови претрпе зголемено бомбардирање и загуби на бојното поле, додека Москва наскоро ќе се соочи со последиците од спроведувањето на санкциите на Трамп против најголемите руски нафтени компании.

- Advertisement -
Ad image

Европејците се соочуваат со уште една непријатна реалност: нивните обиди да си купат место на преговарачката маса со преземање на поголемиот дел од финансирањето на одбраната на Украина, не функционираат.

– Како е можно Европејците да имаат толку мала улога дури и сега, кога ние ја плаќаме целата сметка? – рече друг висок европски функционер, нарекувајќи ги предложените отстапки што се бараат од Украина „неразумни“. Откако го прими целиот документ на состанокот со американските претставници, вчера канцеларијата на Володимир Зеленски издаде соопштение во кое не го отфрли директно планот, но сугерираше дека Украина верува дека сегашната верзија не води кон „праведен“ мир.

„Претседателот на Украина официјално доби од американската страна нацрт-план кој, според проценката на американската страна, би можел да помогне во оживувањето на дипломатијата“, се вели во соопштението. „Претседателот на Украина ги истакна основните принципи што се важни за нашиот народ, а по денешниот состанок страните се согласија да работат на одредбите од планот на начин што ќе овозможи праведен крај на војната“ – соопшти канцеларијата на претседателот Зеленски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article