Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ остро истапил со став дека Хрватска нема да ѝ даде зелено светло на Србија за членство во Европската Унија сè додека не се реши прашањето на исчезнатите лица од времето на Татковинската војна

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ остро истапил со став дека Хрватска нема да ѝ даде зелено светло на Србија за членство во Европската Унија сè додека не се реши прашањето на исчезнатите лица од времето на Татковинската војна.

– Исчезнатите лица и пристапувањето на Србија во ЕУ се врзани прашања. Не може една држава да даде зелено светло за прием на друга држава со која има отворени билатерални прашања – истакнал Анушиќ, јави „Вијести“.

Хрватска, според податоците на надлежните институции, сè уште трага по останки од 1.740 лица што исчезнале во текот на конфликтот од 1990-тите годинна церемонијата на испраќање на 44. контингент на хрватски војници во мисијата НАТО/КФОР во Косово. и.

Притоа, Анушиќ подвлече дека за Загреб, прашањето на исчезнатите е „прво и најважно“, додавајќи дека Хрватска ќе ја користи својата позиција во Европската Унија за да инсистира на одговорност и вистинска соработка од Белград.

Хрватските медиуми наведуваат дека оваа изјава на Анушиќ е дадена Овој потег, според аналитичарите, ја нагласува улогата на Хрватска како членка на ЕУ и НАТО што сака да ја зацврсти својата политичка тежина на регионално ниво.

Српските власти досега не дале официјална реакција на изјавата на Анушиќ, иако прашањето на исчезнатите лица веќе со години е во етерот.

Share This Article