Екипите на регионалните центри за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие поради обилните врнежи интервенираа на повеќе критични локации низ државата

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Екипите на регионалните центри за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие поради обилните врнежи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.

Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај село Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.

– Во Охрид и во Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај улица Прилепска во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали – сопшти ЦУК.

Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.

Од ЦУК потсетуваат дека на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ бил регистриран голем одрон поради кој сообраќајот бил во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата.

Share This Article