Background

Откажана средбата на Зеленски со претставникот на Трамп во Истанбул

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ја откажал средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Турција откако сфатил дека тој не сака да разговара за мировниот план на САД. Изворите велат дека Зеленски дошол со свој предлог, координиран со Европа и инсистирал на разговори во поширок формат.

Трамп ја поддржал одлуката на Виткоф да ја откаже средбата, бидејќи не видел простор за напредок.

– Сега ќе почекаме. Топката е во дворот на Зеленски – изјави неименуван американски функционер.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека Зеленски би можел да дојде во Вашингтон за да разговара за новиот план на САД, доколку сака.

Новинарот Кристофер Милер потврди дека документот му е предаден на Киев преку Виткоф и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев. Според него, Зеленски бил незадоволен од предлогот.

Претходно Зеленски изјави дека САД и нивниот претседател Доналд Трамп имаат одлучувачка улога во напорите за ставање крај на војната на Русија во Украина.

По разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Зеленски нагласи дека Украина од почетокот на годинава го поддржува секој одлучен чекор и лидерство на Трамп, „секој силен и фер предлог насочен кон ставање крај на војната“.

– И само претседателот Трамп и САД имаат доволно моќ да стават крај на оваа војна, нагласи тој.

Зеленски рече дека му е благодарен на Ердоган за организирањето на средбата и за континуираното учество на Турција во дипломатските напори.

„Детално разговаравме за реалните начини да се доведе војната до сигурен и достоинствен крај, напиша тој на платформата „Х.

Зеленски ја поздрави подготвеноста на Анкара да ги олесни разговорите, велејќи дека Ердоган предложил формати за разговор што Украина ги поддржува и оти тој е отворен за „други значајни формати кои би можеле да донесат резултати“.

Неговите коментари дојдоа откако медиумите објавија дека Вашингтон работи со Москва на нов мировен предлог што би барал значителни отстапки од Киев, вклучително и потенцијално отстапување на дополнителна територија.

Американска воена делегација исто така беше вчера во Киев, а украинскиот министер за одбрана, Денис Шмихал, изјави дека се сретнал со секретарот на Армијата на САД, Даниел Дрискол, и ги информирал посетителите за новите украински случувања во врска со дроновите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation