Во Белгија зачестило погрешно идентификување на леталата

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Снимките што изминативе недели беа објавувани во белгиските медиуми и на социјалните мрежи за кои се тврдеше дека прикажуваат неидентификувани дронови над аеродромот во Брисел и над воена база, всушност се снимки на полициски хеликоптери и на товарен авион на „Де-Ха-Ел“, објави синоќа белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ.

Изминативе недели во повеќе наврати полицијата и медиумите во Белгија добиваат пријави од сведоци, кои тврдеа дека виделе или дури и снимале дронови во близина на аеродроми, нуклеарни централи или воени бази. Но, како што наведува ВРТ, само мал дел од овие, како и од снимките објавени на социјалните мрежи, прикажуваат дронови.

Така, снимката на „огромен дрон“ над аеродромот „Зевентем“ во Брисел во вечерните часови на 4 ноември, што беше објавена во некои медиуми, всушност се покажа дека е хеликоптер во лет. Дополнително, во објаснувањето на снимката се тврди дека таа е направена од Контролната кула на аеродромот, но кон крајот на видеото таа „влегуваа“ во кадарот и се гледа во осветлена во црвено.

Со внимателна проверка на видеото е утврдено дека станува збор за хеликоптер на Дирекцијата за воздушна поддршка на Федералната полиција (ДАФА), кој бил испратен во извидница по добиените информации дека во реонот над аеродромот наводно е регистриран дрон.

За видеата од следната вечер, на 5 ноември, за кои се тврдеше дека прикажуваат дрон над воениот објект во Хеверли, всушност се покажа дека исто така е полициски хеликоптер кој бил испратен во реонот по пријава на локални жители дека виделе „објект во воздухот“.

На видео од 6 ноември објавено на еден медиуми, кој тврдеше дека негов новинар снимил дрон над воздушниот простор на „Зевентем“, всушност се гледа авион на курирската служба Де-Ха-Ел, која има своја филијала на аеродромот.

ВРТ посочува дека ова не се единствените случаи на погрешна идентификација на летала, што довело до лажни извештаи за дронови. Така, пренасочени авиони кои летале по невообичаени рути од страна на локални жители биле идентификувани и пријавувани како „дронови“. Како неидентификуван дрон бил пријавен и мал рачно изработен авион-макета на пилот-аматер.

Share This Article