Background

Зеленски под притисок да се откаже од Донбас

Украина би можела да остане без дел од својата земја и со преполовена армија ако го прифати новиот американски мировен предлог, пишува „Гардијан“. Според овој нацрт, кој го изготвиле советници блиски до Доналд Трамп и Владимир Путин, Киев би требало да се откаже од делови од источна Украина и да го сведе бројот на војници на половина, што би значело драматично ограничување на нејзиниот воен суверенитет, се вели во статијата.

Аксиос претходно објави дека Трамп има план за мир со 28 точки наводно усогласен со руската страна.

Во Киев моментално престојува и американска делегација предводена од секретарот на армијата Ден Дрискол и началникот на генералштабот Ренди Џорџ, кои според дипломатски извори утре ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски за „факт-проверка на терен“.

- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, 19 ноември, е во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, каде го започна новиот дипломатски напор за мир.

Украински владини извори за агенцијата велат дека „постојат сигнали“ за американски предлог, кој наводно веќе бил дискутиран меѓу Вашингтон и Москва, без учество на Киев. Меѓутоа, Белата куќа и Стејт департментот одбиле да коментираат.

Првите реакции во Украина се остри. Повеќето политичари предупредуваат дека ниту една влада нема легитимитет да се откаже од украинска земја. Во меѓувреме, Москва останува цврста во ставот дека Украина мора да се повлече од четирите региони што Кремљ ги смета за дел од Руската Федерација.

Европските сојузници на Украина, пак, со воздржаност го следат потегот на САД. Еден европски дипломат изјавил дека планот личи повеќе на „руска диктатура на услови“ отколку на вистински мировен компромис. Друг дипломат оценил дека барањето Украина да ја намали својата армија е „незамисливо“.

Зеленски вчера изјави дека „работи на обновување на преговорите“ и дека со Ердоган ќе разговара за „праведен мир“.

Од друга страна, Трамп, според американскиот портал Аксис, сака да го претстави мировниот план како „глобален договор за безбедност“, кој ќе им понуди гаранции на Украина и Европа против идни руски напади, но во замена за територијални отстапки.

Русија, засега, не покажала знаци на компромис, иако Кремљ потврдил дека Владимир Путин е „отворен за разговори“ со САД и Турција за резултатите од средбите во Анкара.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation