Водостоите на реките ширум земјата алармантно растат, а најкритична е состојбата на Вардар, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Бранот вода од горниот тек денес се движи кон Скопје и селата низводно, со ризик за локални излевања, особено на потегот од Јурумлери до Зелениково.
– Локалните излевања и мали заезерувања веќе се можни. Граѓаните треба да бидат внимателни при движење покрај овие делови од Вардар – велат од УХМР.
До вечерните часови се очекува бранот да продолжи кон Велес. Високи водостојни нивоа има и на Лепенец и Пчиња, а истото важи и за Кумановска Река, каде водостојот е значително покачен.
Ситуацијата на Црна Река денес е уште понапната.
– Драгор е речиси до врвот на коритото и во текот на денот може целосно да се исполни – предупредуваат метеоролозите.
Зголемување има и кај Треска, засега без директна опасност, но состојбата останува променлива. Во западниот регион, во сливот на Радика, водостоите се задржуваат високи, додека на исток Крива Река исто така покажува загрижувачко ниво.
Покрај растот на реките, обилните врнежи носат и дополнителни закани.
– Очекуваме појава на одрони и свлечишта, особено во западните делови. Секое непотребно движење по критичните патни правци треба да се избегнува – додаваат од УХМР.
Од Управата апелираат граѓаните да ги следат официјалните информации, бидејќи состојбата може брзо да се промени доколку продолжат врнежите.
Tagged as:
опасност од поплави и свлечишта Реките во Македонија растат драматично
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
