Background

„Тринаесеттиот“ е ангажирана современа бајка со добар хумор

Објавен е нов роман од познатата авторка Лидија Димковска со наслов „Тринаесеттиот“ и поднаслов „Современа бајка за мали и големи“. Ова е прв роман на авторката од овој жанр.

Писателката Билјана Црвенковска, која беше една од првите читатели на романот, за „Тринаесеттиот“ изјави:

– Роман кој ќе ве изненади во секој поглед! И не само затоа што претставува неочекувано и длабоко нурнување на авторката во литературата за млади, туку и поради флуидноста на жанрот (фантастика и бајка), поради прачетовскиот хумор и бруталното соочување со темите што се неизоставен дел од современото општество.

- Advertisement -
Ad image

Во „Тринаесеттиот“ Димковска ги спојува традицијата со современоста, народните приказни со Четџипити, Јутјуб, Инстаграм создавајќи урнебесна приказна која од една страна слатко засмева, а од друга длабоко замислува. Прашањата што се поставуваат низ романот го прават многу повеќе од едукативно и забавно четиво. Го прават поттик за размислување и преиспитување (на младиот читател, но и на опитниот возрасен).

Оваа ангажирана современа бајка не се плаши да зборува за ништо, додека ги комбинира добриот хумор и прекрасната приказна. Илустрациите се дело на талентираната Љупка Стојкова.

Димковска е добитник на бројни книжевни награди – двапати „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија и наградата на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“, како и „Роман на годината“ за „Единствен матичен број“.

Од денес, книгата е достапна во сите книжарници на „Три“ и онлајн на kniga.mk.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖