Eден од најголемите тенисери во историјата, Роџер Федерер, официјално ќе стане дел од Меѓународната тениска сала на славните во 2026 година. Швајцарската легенда ја добила веста на начин достоен за великан, преку телефонски повик од неговите идоли и колеги, Стефан Едберг и Борис Бекер.
Федерер, кој се повлече од тенисот во 2022 година, рече дека изборот е една од најголемите честови во неговата кариера.
– Навистина е посебно чувството да се најдам меѓу најголемите имиња во спортот. Од првиот ден ја ценев историјата на тенисот и примерот што го поставија легендите пред мене. Огромна чест е што станувам дел од Салата на славните – изјави швајцарецот.
Со 103 освојени титули, меѓу кои 20 грен-слем пехари, Федерер остави отпечаток кој тешко дека ќе биде повторен. И понатаму го држи рекордот за најдолг континуиран престој на врвот на АТП-листата, неверојатни 237 недели во периодот од 2004 до 2008 година.
Церемонијата за прием во Салата на славните ќе се одржи од 27 до 29 август 2026 година во Њупорт, каде што Федерер ќе им се придружи на тениските легенди што веќе ја имаат оваа престижна чест.



























