Реката Пчиња се излеа од своето речно корито на подрачјето на кумановското село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац.
Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици, информира Центарот за управувањее со кризи.
Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.
Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати поввисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметри.
„За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности“ информира Републичкиот Центар за управување со кризи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
