Странските возачи нема да можат да ја напуштат Босна и Херцеговина без да ги платат казните за сообраќајните прекршоци направени за време на престојот во земјата.
Агенцијата за идентификациски документи, евиденција и размена на податоци (IDDEEA) разви модерна веб-апликација која сега ја користи Граничната полиција на БиХ – и веќе е јасно дека системот ќе ги промени правилата на играта на премините.
Полициските службеници сега имаат увид во реално време во секој сообраќаен прекршок направен од возила со странски регистарски таблички на територијата на Босна и Херцеговина. Податоците се собираат моментално, без чекање, што им овозможува побрзо да обработуваат, со помалку застој и прецизно да ги идентификуваат возачите со долгови.
Тоа практично ќе значи дека возачите со странски регистарски таблички не можат да ја преминат границата сè додека не ги платат сите казни бидејќи ниту еден евидентиран прекршок повеќе не може да мине без казана.
Босна и Херцеговина очекува со овој пристап драстично да го намали бројот на неплатени казни, но и да ги принуди возачите посериозно да ги почитуваат сообраќајните прописи.
Со воведување на новата дигитална услуга, Босна и Херцеговина се приближува до стандардите на земјите кои веќе користат автоматизирани системи за контрола на сообраќајот и управување со казните.



























