Background

Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта

Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта. Се презедоа првите количества. Тутунарите се задоволни од процената но, за исплатливост бараат цената на првата класа да биде 600 денари за килограм.

– Годинава произведов околу еден тон и 400 килограми тутун. Тутунот е квалитетен, исушен е навреме и собран, наводнуван беше со систем капка по капка. Добро оди проценката, но што се однесува до цените, реално треба да се зголемат, зашто се големи и трошоците. Првата класа треба да биде 600 денари за килограм. Тутун ќе садам и понатаму, тоа е егзистенција за моето семејство – вели тутунопроизводителот Благој Мицевски од Прилеп.

Прилепскиот комбинат има отворено 34 откупни пункта во земјава со 37 ваги. Задоволни се од текот на откупот и очекуваат наредните денови да се интензивира.

- Advertisement -
Ad image

-Денешната динамика е како за прв ден, во помали размери, а очекуваме деновиве откупот да се интензивира. Ќе исплаќаме двапати неделно, во вторник и во петок. Имаме цени највисоки од сите откупувачи – 420 денари е за прва, 360 за втора и 300 денари за трета класа тутун. Доколку откупувачите итутунарите се договорат за повисока цена, ние тоа може да го исплатиме и дури и ретроактивно за откупените количества тутун – изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат-Прилеп.

Од Сојузот на земјоделските здруженија се задоволни од почетниот тек на откупот и велат не се откажуваат од барањето за повисока цена. Будно ќе се следи да се почитуваат законските измени со кои е забранет увоз на ароматичен тутун додека трае откупот на домашниот род.

– Oткупот почна во ред, без проблеми. Очекуваме до крајот на неделава или до понеделник сите 10 откупувачи да го започнат откупот. Иако трае откупната кампања ние не се откажуваме од барањето за зголемување на цената на тутунот – рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Годинашнава реколта тутун се проценува како квалитетна и се смета дека е од 22 000 до 24 000 тони. Откупот на тутунот трае до крајот на февруари.

Во март кога се потпишуваа договорите за годинашната реколта откупувачите понудија цени кои се движеа  од 414 до 420 денари за прва, од 312 до 360 за втора и од 250 до 300 денари за трета класа. Сојузот побара 510 за прва, 450 за втора и 390 за трета класа, но откупувачите не се согласија на тоа.

Лани просечната цена на откупот на тутунот изнесуваше 374  денари по килограм.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation