Background

Ќе врне и ќе дува до крајот на неделата

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, во количина од над 30 литри на метар квадратен за 24 часа. Локално ќе има услови за невреме со засилен ветер, со брзина над 60 километри на час и со појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 6 степени во Берово, а максималната ќе достигне 18 степени во Гевгелија и во Демир Капија.

Фото: УХМР

Во Скопје времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 14 степени.

- Advertisement -
Ad image

УХМР издаде  временско предупредување за следнте денови. Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и со ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд, над 30 литри на квадрат. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни, со количини од 15 до 25 итри на квадратен метар.

Фото: УХМР

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation