Background

Значајно зголемување и на буџетот за одбраната во 2026 година

Зголемените буџетски вложувања за Воената академија и за секторот одбрана се во фокусот на предлог-буџетот за 2026 година, кој деновиве е пред пратениците во Собранието. Најавените средства, според пратеникот Драган Ковачки, треба да донесат посилна, помодерна и поквалификувана армиска структура.

Воената академија е една од институциите што добива најголемо зголемување на средствата – дури 419 % повеќе во споредба со тековниот буџет. Ковачки наведува дека зголемувањето е насочено кон поголема професионализација на Армијата, подобри услови за работа и повисок квалитет на образованието на идните офицери.

„Ова е директна инвестиција во безбедноста на државата“, нагласува тој.

- Advertisement -
Ad image

Како дополнителен дел од реформите се издвојува програмата за стручно оспособување во земјата и во странство, која, според Ковачки, треба да овозможи македонските офицери да чекорат рамноправно со колегите од НАТО земјите и да придонесат кон зацврстување на меѓународната позиција на државата.

Буџетот за Министерството за одбрана, исто така, расте за 8,4 проценти и ќе надмине 22 милијарди денари, што е зголемување од претходните 20,4 милијарди. Во делот за модернизација на Армијата се предвидува уште понагласен раст – 38,1 процент повеќе средства, односно дополнителни 406 милиони денари.

Во сегментот набавка на опрема и механизација буџетот се зголемува за 15,7 проценти, што значи 844 милиони денари повеќе за техничко зајакнување на одбранбените капацитети.

Според Ковачки, овие бројки покажуваат дека државата се движи во насока на јасно дефинирана безбедносна стратегија и стабилни цели за зајакнување на националната одбрана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation