Background

ЌЕ НАВРНЕ НАД 200 ЛИТРИ ДОЖД: Постои ризик од поплави и во Македонија

Под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова, во нашата Република Македонија целата оваа недела ни следува многу нестабилно и ветровито време со засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час) како и со чести и многу обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Локално прцесите ќе бидат застапени во форма на невреме.

На многу места до крајот на неделава ќе наврне многу големо количество на воден талог, и тоа над 50 литри дожд, локално и над 80 литри дожд. Најмногу дожд ќе наврне во западните предели каде количеството на воден талог ќе надминува 100 литри дожд а локално дури ќе наврне и над 150/200 литри дожд што е премногу па токму поради ова може да очекуваме зголемување на нивоата на реките и езерата во нашата Македонија како и можност за локални полавувања поради очекуваните чести и многу обилни врнежи од дожд во нашата Македонија.

И во Скопје и околината следува период на многу нестабилно и ветровито време со засилен до повремено силен ветер од јужен правец и со чести и многу обилни врнежи од дожд кои повремено би можеле да бидат проследени и со грмежи.

- Advertisement -
Ad image

Што се однесува до температурите, тие поради изразеното јужно воздушно струење остануваат да бидат без поголеми промени во однос на овие температури кои ги имавме изминатите денови и тие ќе бидат натпросечно високи за ноември.

meteoalarm

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation