Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”.

Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски.

Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа и преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на оваа машина претставува значаен чекор во подобрување на комуналната инфраструктура и ефикасното одржување на канализационата мрежа. Новата механизација ќе овозможи побрзо и поквалитетно решавање на затнувањата и редовно одржување на системите за одводнување, со што директно ќе се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.

Општина  ќе продолжи да вложува во модернизација на комуналниот сектор, со цел создавање подобри услови за живот и повисок степен на јавна услуга.

Share This Article