Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул. Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум.

Семејството – мајка, татко и две деца од 3 и 6 години – на 9 ноември пристигнало во Истанбул од Германија, каде живеело. На 12 ноември сите биле хоспитализирани со симптоми на труење. Двете деца починале истиот ден, мајката два дена подоцна, а таткото е во критична состојба.Обвинителството соопшти дека семејството претходно јадело храна купена на улица, во продавница и во хотелот. Уличните продавачи негираат одговорност. Сопственикот на хотелот, кој е меѓу уапсените, има две претходни кривични пријави, потврди полицијата.

Share This Article