Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено изутрина по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Подоцна во текот на денот ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Дневните температури ќе бидат без значителни промени.
Според Метоаларм, до крајот на неделава Македонија, а и поширокиот балкански регион, ќе бидат под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова. Локално врнежите ќе бидат проследени и со појава на грмежи, а овие процеси би можеле локално да прераснат во невреме, со поголем ризик од поплави. Ова особено се однесува на западните делови од Балканот, соседна Албанија, Косово, Црна Гора, јужна и југозападна Босна како и во делови од Словенија и Хрватска, каде се очекува да наврне поголемо количество на дожд (над 200/300 литри дожд на метар квадратен).
Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Поповски на следниот ЛИНК.
Tagged as:
од вторник дожд - На западниот дел од Балканот се очекуваат поплави Сончево и топло време
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖